Дефинитивно: Пикси селектор на Србија до 2026!

68

Од денеска е и официјално и дефинитивно. Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде селектор на Србија најмалку уште две години, поточно до 2026 година. Тоа значи дека ќе ја води селекцијата на својата земја на ЕУРО 2024, но и во квалификациите за СП 2026 и на Мундијалот, се разбира ако се пласира.

Ова е одлука на Извршниот одбор на ФСС, кој едногласно го одобри предлогот на Пикси да му се продолжи мандатот.

Инаку во изминатите неколку денови се појавија одредени шпекулации дека некаде запнално во преговорите меѓу двете страни, дека во прашање биле милион евра, но по се изгледа дека е договорено се што треба.

ПретходноГогов и во наредните две сезони во РК Вардар!
СледноОва е списокот на Шпанија за ЕУРО 2024! (ФОТО)