Кристијано Роналдо го собори рекордот на саудиската Про лига според бројот на постигнати голови во една сезона.
Напаѓачот на Ал-Наср вечерва веќе постигна два гола за својот тим во мечот од последното сезонско коло против Ал Итихад со што дојде до бројката од 35 гола оваа сезона во саудиската Про лига.
Португалецот го собори рекордот поставен во сезоната 2018/19 од тогаш напаѓачот на Ал-Итихад, Абдерразак Амдала, кој сезоната ја заврши со рекордни 34 гола.
CRISTIANO RONALDO GOAL
THE MOST GOALS IN A SAUDI LEAGUE SEASON !!!!!!!!
— Janty (@CFC_Janty) May 27, 2024