Барселона долго време се поврзуваше со трансфер на германскиот репрезентативец Џошуа Кимих на „Ноу Камп“, но од тоа нема да има ништо. Се зборуваше доколку Ханси Флик седне на клупата на Барса, ќе го донесе својот поранешен ученик Кимих во Каталонија, сепак, финансиите се главен проблем.
Поточно Барса не може да ги исполни финансиските услови на Кимих, пренесува каталонски „Спорт“. Кимих во Баерн заработува 19,5 милиони евра по сезона што е неприфатливо за Барселона.
Тоа е превисока сума за каталонскиот клуб кој се бори со финансиски потешкотии и не е способен да одвојува толкави суми.
Од друга страна треба да му се плати на Баерн и отштета од најмалку 50 милиони евра.