Реал Мадрид цела сезона беше најдобар тим во Евролигата, доживеа само шест порази, а кога беше најпотребно – потфрлија. Љуљ, Хезоња, Родригез, Муса не можеа ништо да погодат, Тавареш одигра многу слабо, а како последица на тоа ја предадоа европската круна на Панатинаикос.
Поради тоа, Реал за следната сезона ќе има нов тим. Се спрема реконструкција, а најмалку четворица играчи заминуваат. Веќе се знае дека Руди Фернандез ќе се пензионира, потоа Валтер Тавареш преговара за трансфер во КК Дубаи, Венсан Поарје не сака да биде резерва и кариерата ќе ја продолжи во Ефес со кого наводно има двегодишен договор. Се шпекулира и дека Марио Хезоња ќе го напушти тимот затоа што исто така е незадоволен од статусот.
А веќе се зборува и за првите засилувања. Наводно веќе е договорено доаѓањето на Усман Гаруба од Хјустон, кој се враќа во клубот во кој играше пред да замине во НБА лигата. Исто така доаѓа и Ксавиер Рејтан- Мејс од Енисеј. Тој минатата сезона „експлодира“ во ВБТ лигата со просек од 25,4 поени, 4,2 скокови и 4,5 асистенции по меч.