Басконија по четврти пат се раздели со Ивановиќ

309

Црногорскиот кошаркарски тренер Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Басконија, потврди шпанскиот клуб. Српскиот стратег се врати во Басконија по отказот во Црвена Звезда на самиот почеток на сезоната. Под негово водство Басконија се пласира во плеј-офот на Евролигата но не го помина Реал Мадрид во четвртфиналето.

А во домашниот шампионат не беше успешен затоа што не се пласира во плеј-офот за титулата.

Ова е четврти пат во кариерата Ивановиќ да си оди од Басконија.

ПретходноНаковски: И во Хрватска ќе одиме да се бориме за победа
СледноСилвињо одбра 27 фудбалери во составот на Албанија за Евро 2024