Болидот уништен, шефот на Ред Бул откри: Ова ќе биде една од најскапите поправки

998

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез доживеа несреќа на Формула 1 трката во Монако уште во првиот круг. Неговиот болид е сосема уништен поради грешка на Кевин Магнусен од Хас. Данецот го закачи болидот на Ред Бул од позади кој удри во оградата.
А колку сето тоа чини? Шефот на Ред Бул, Хелмут Марко откри дека ова е една од „најскапите“ несреќи во последните години во Формула 1. Екипата ќе мора да одвои меѓу два и три милиони евра поради тоа. Тоа посебно е незгодно за Ред Бул затоа што екипите имаат ограничен буџет од 125 милиони евра годишно, што во продолжение на шампионатот може да ги промени плановите ако од тимот одлучат да променат некои други работи.
Штетата е околу два-три милиони евра и тоа е голем хендикеп за нас поради ограничениот буџет. Ова како прво беше опасно, а потоа и многу скапо…“, изјави Марко.

ПретходноЧави: Воошто не се цени работата на тренерите
СледноПо поразот во финалето, Реал го менува тимот: Заминуваат четворица носители