Гром удрил во авионот на македонските одбојкари: Добри сме сите!

435

Македонската одбојкарска репрезентација на патот од Цирих кон Скопје по настапот во Златната лига имаше непријатна случка. Гром удрил во авионот во кој биле нашите одбојкари, па пилотот решил веднаш да се врати назад.

Од нашиот табор добивме информација дека сите се добро и дека ситуацијата не била толку драматична.

“Добри сме сите. На летот од Цирих кон Скопје удри гром во авионот, но не е ништо страшно. Мораше да се вратиме назад“, ни изјави Хари Наковски, селекторот на македонската репрезентација.

ПретходноДалас остана без Лајвли, но се враќа Макси Клебер
СледноБохум и Елези останаа во Бундеслигата откако вратија негатива од три гола