Двата меча кои ќе одлучат за новиот шампион в сабота во ист термин

668

Двата меча кои ќе одлучуваат за новиот макеоднски првак во ракомет ќе се одиграат в сабота во ист термин. Бранителот на титулата, Е. Пелистер објави дека натпреварот со Алкалоид од последното првенствено коло во Битола е закажан во сабота од 18 часот.

Во истиот термин ќе се одигра и дуелот меѓу екипите на Бутел и Вардар.

Во пресрет на последното коло Пелистер е прв со 38 бода, а Вардар е втор со 36. Алкалоид е на третото место со 30 бода, пред Охрид кој има 26.

Ако битолчани победат или одиграат нерешено ќе ја одбранат шампионската титула.

ПретходноНадал се поблиску до пензија: Елиминација уште во првото коло на Ролан Гарос
СледноПингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка во битка за титулата