Далас е на чекор до големото финале откако поведе во финалната серија од плеј – офот на Западот со 3:0 пртив Минесота. Фантастичен беше Лука Дончиќ, исто така одлична партија пружи Кајри Ирвинг.
По мечот Словенецот не го криеше своето задоволство од новата победа, го пофали својот соиграч и напомена дека е уморен:
“Чувството е одлично. Сепак и покрај ова наше водство од 3:0 мораме да продолжиме во ист ритам, секако дека Минесота нема да се предаде. Кајри е фантастичен, секојдневно учам од него, секогаш е со позитивна енергија. Во финишот на мечот му реков на Ирвинг дека сум уморен како го*но, а тој ми одговори дека така мора да биде“ изјави Дончиќ.