И Судот во Мадрид ја уважи тужбата на Суперлигата против ФИФА и УЕФА

135

Судот во Мадрид делумно ја уважи тужбата на Европската Суперлига против УЕФА и ФИФА, во која организаторите на новиот турнир ги обвинуваат за злоупотреба на доминантната позиција и попречување на слободната конкуренција на пазарот.

Според весникот „Ас“, резолуцијата ги обврзува и ФИФА и УЕФА да престанат со санкционираното антиконкурентско однесување и да забранат негово повторување во иднина и ги обврзува веднаш да ги отстранат сите последици од антиконкурентното однесување што се случиле пред или за време на натпреварувањето.

Исто така, се истакнува дека оваа одлука не е правосилна и допрва ќе може да се поднесе жалба. Одлуката на Судот во Мадрид кореспондира со одлуката на Судот на Европската унија донесена во декември минатата година.

ПретходноНавивачите на МЗТ Скопје се „фоткаа“ со пехарите и шампионите (ФОТО)
СледноЛестер му дозволи на Челзи да преговара со нивниот тренер Мареска