Лестер му даде официјална дозвола на Челзи да разговара со Енцо Мареска за да стане нивни следен тренер, објави магазинот „Атлетик“.
Челзи претходно испрати официјално барање до Лестер да почне разговори со Мареска, откако го идентификуваше Италијанецот како водечки кандидат за наследник на Маурисио Покетино на „Стемфорд Бриџ“.
Лондонските „сини“ се подготвени за разговори со 44-годишниот стратег и се очекува да се договорат за соработка на минимум пет години.