Пингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка во битка за титулата

52

Пингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка ќе играат во финалето од домашното сениорско пренство. Првите две екипи на табелата ги победија своите полуфинални ривали и се изборија за финале во плејофот.

Младост 96 ги победи Младост со 2:1, додека Крива Паланка ги победи Телеком Нец 2 со 2:0.

Финалето е закажано на 9 јуни во Прилеп.

Во баражот за влез/опстанок во Суперлигата играа Вардар од Скопје и Борец Тим од Велес. Вардар со победа од 4:2 успеа да го задржи местото во Суперлигата и следната сезона.

ПретходноДвата меча кои ќе одлучат за новиот шампион в сабота во ист термин
СледноНаковски: И во Хрватска ќе одиме да се бориме за победа