Супер Дончиќ, на Минесота и се смешка “метла“, Далас е на чекор до големото финале! (ВИДЕО)

708

Далас – Минесота 3:0 е во финалната серија од плеј – офот на Западот во НБА. Утринава магичниот Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг на Далас му донесо нова победа против Минесота со 116:107. Ова значи дека на Минесота и се смешка “метла“ а Далас е на чекор до големото финале, прво после 13 години.

Лука мечот го заврши со 33 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Ирвинг исто постигна 33 поени, имаше и 3 скокови и 4 асистенции. Значи Дончиќ и Ирвинг заедно имале 66 поени или повеќе од половината на тимот од Тексас. Оваа серија може да заврши веќе во среда со 4:0, што секако дека е големо изненадување за сите во НБА. Имено откако Минесота во полуфиналето го победи Денвер се очекуваше голема битка со Далас, но Лука и Ирвинг не мислат така.

ПретходноЧави со победа се прости од Барса!
СледноГотово е: Гвардиола го напушта Манчестер Сити!