Галатасарај ја освои титулата во Турција со рекорден број на бодови

273

Втора сезона по ред титулата во Турција оди кај Галатасарај. Во последното коло тимот предводен од Окан Бурук го совладада Коњаспор и заврши на првото место со три бода повеќе од второпласираниот Фенербахче.
За Галата тоа е 24 титула во историјата, а освоените 102 бодови се најдобриот резултат во историјата на Суперлигата. Со тоа го урна претходниот рекорд на Фенербахче од 99 бодови од 1988/89.
Интересно, Фенербахче кој заврши втор има најмногу голови (99) и најдобра гол разлика (+68) и само еден пораз но не ја освои титулата. Шампионот Галата заврши со три порази, но разликата ја направија нерешените мечеви. Галата ги имаше три, а Фенер шест. Фенер го изедначи сопствениот рекорд по освоени бодови (99).
Галата и Фенер ќе играат во ЛШ, Трабзон и Бешикташ во Лига Европа, а Башакшехир во Лигата на конференции.

ПретходноАндов го објави списокот на фудбалерки за натпреварите со Молдавија
СледноЧелзи со Италијанец на клупата