Вардар вчера во Струмица во бараж мечот за ПМФЛ успеа да слави над Детонит и со тоа да се избори за пласман во нашата елитна лига и за следната сезона. Со право радоста на вардарци беше голема, а голманот Филип Гачевски повторно беше во елемент.
Го предводеше славјето заедно со “Комити“ а нешто подоцна ова го напиша на ФБ:
„Браво момци, целта е остварена!! Секоја чест Комити!!! Што ветивме – остваривме, наредна сезона одиме по титула! Еден живот – една љубов! Да живее Вардар и Македонија!!!