Чави: Воошто не се цени работата на тренерите

264

Барселона ја совлада Севиља на последниот меч на Чави на кормилото на каталонскиот клуб. По натпреварот, Чави ги сподели впечатоците од периодот поминат во Барселона и причините за неговото заминување.
Не е мое да зборувам за причините или мотивите за мојата оставка. Мислам дека тоа треба да го стори претседателот. Немав друг избор освен да ја прифатам неговата понуда. Не е важно дали се согласувам со аргументите. Нема потреба да се погледне назад затоа што Клубот е над сите.

Чувствувам дека се што направив во тие две и пол години падна во вода. Многупати сум бил мета во многу ситуации. Не можев да работам мирно. Побаравме стабилност пред еден месец. Мислам дека постигнавме одредена конзистентност во работата, кон што се стремевме. Ова е фудбал. Жал ми е.
Мислам дека нашата работа (на тренерите) не е ценета како што треба.

Дојдовме во тимот кој беше деветти, а на крајот успеавме да се избориме за титулата. Годинава заостанавме само поради одредени детали. Четири клучни натпревари каде што не можевме да ја завршиме добрата работа што ја работевме до тој момент“, вели Чави.

За потенцијалниот негов наследник Ханси Флик?
Флик? Тој знае дека ќе има тешка ситуација бидејќи Барса сама по себе е тежок клуб, но згора на тоа е во неповолна економска ситуација. Нема да биде лесна задача.
Немам чувство дека сум отпуштен затоа што сакавме да продолжиме да работиме. Ова е одлука на клубот. Го разбираме и го почитуваме, но не мислевме дека крајот е толку блиску.
Многу ми е жал. Малку е конфликтно чувство бидејќи нашите перформанси се позитивни и покрај тоа што не освоивме титули оваа сезона. Мислам дека бевме на добар пат, и се уште мислам така“, изјави шпанскиот специјалист.
Барселона заврши на второто место во шпанската Ла Лига.

ПретходноПознати се сите можни ривали на Струга ТЛ за 1.квалификациско коло во ЛШ (ФОТО)
СледноБолидот уништен, шефот на Ред Бул откри: Ова ќе биде една од најскапите поправки