Исмаил Аталан повеќе не е тренер на македонскиот прволигаш Гостивар. По 15 меча на клупата на гостиварци и завршувањето на сезоната на шестото место, Аталан и Гостивар решиле да ја завршат соработката.
Турчинот кој претходно работеше во Анталијаспор сега ќе бара нов предизвик, додека Гостивар ќе се подготвува за ново тренерско решение во скоро време.