Далас остана без Лајвли, но се враќа Макси Клебер

475

Далас може да биде посилен за германскиот кошаркар Макси Клебер во четвртиот меч од финалната серија на Западот против Минесота. Клебер се опоравува од повредата на рамото и добар знак е тоа што веќе им се приклучил на соиграчите на тренинзите на тимот.

Џејсон Кид не го исклучи појавувањето на Клебер на теренот во серијата со Тимбервулфс.

Клебер во плеј-оф серијата од првото коло имаше просек од 5,7 поени, 2,7 скока и 1,5 асистенции за 19,4 минути. Центарот Дерек Лајвли заработи повреда на вратот на третиот меч и најверојатно ќе го прескокне следниот дуел со Минесота.

ПретходноКике Санчез Флорес: Проблемот на Барселона не е Чави, туку Реал (М)
СледноГром удрил во авионот на македонските одбојкари: Добри сме сите!