Дончиќ: Му реков на Ирвинг дека сум уморен како го*но!

354

Далас е на чекор до големото финале откако поведе во финалната серија од плеј – офот на Западот со 3:0 пртив Минесота. Фантастичен беше Лука Дончиќ, исто така одлична партија пружи Кајри Ирвинг.

По мечот Словенецот не го криеше своето задоволство од новата победа, го пофали својот соиграч и напомена дека е уморен:

Чувството е одлично. Сепак и покрај ова наше водство од 3:0 мораме да продолжиме во ист ритам, секако дека Минесота нема да се предаде. Кајри е фантастичен, секојдневно учам од него, секогаш е со позитивна енергија. Во финишот на мечот му реков на Ирвинг дека сум уморен како го*но, а тој ми одговори дека така мора да биде“ изјави Дончиќ.

ПретходноДодека Србија е во паника поради Јокиќ, еве каде е тој! (ВИДЕО)
СледноИмран Фетаи пред трансфер во Залаегерсег!