Судот во Мадрид делумно ја уважи тужбата на Европската Суперлига против УЕФА и ФИФА, во која организаторите на новиот турнир ги обвинуваат за злоупотреба на доминантната позиција и попречување на слободната конкуренција на пазарот.
Според весникот „Ас“, резолуцијата ги обврзува и ФИФА и УЕФА да престанат со санкционираното антиконкурентско однесување и да забранат негово повторување во иднина и ги обврзува веднаш да ги отстранат сите последици од антиконкурентното однесување што се случиле пред или за време на натпреварувањето.
Исто така, се истакнува дека оваа одлука не е правосилна и допрва ќе може да се поднесе жалба. Одлуката на Судот во Мадрид кореспондира со одлуката на Судот на Европската унија донесена во декември минатата година.