Наковски: И во Хрватска ќе одиме да се бориме за победа

129

Со победа и тесен пораз, нашите одбојкари се вратија од Беверан каде викендов го комплетираа и вториот турнир од Златната лига 2024. Селекторот Хари Наковски смета дека оваа генерација не го кажала последниот збор и дека во Хрватска следниов викенд на последните два меча ќе бркаме уште два добри резултати.

„Го завршивме вториот викенд од Златната лига и можам да кажам дека тоа беше на едно задоволително ниво. Победа против Азербејџан и еден тежок меч и голема борба со селекцијата на Белгија. Го загубивме мечот со 3:2, но одигравме на едно високо ниво. Момците покажаа квалитет и се надевам дека овде не е нашиот крај. Ќе имаме уште две добри средби во Хрватска, против домаќинот и Шпанија. Се надевам на уште подобар резултат и овие настапи во Златната лига да бидат успешна подготовка за квалификациите за ЕП“, смета Наковски.

Македонија по два викенда и четири одиграни средби се наоѓа на 10. место на табелата. Зад нас се само Луксембург и Азербејџан.

ПретходноПингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка во битка за титулата
СледноБасконија по четврти пат се раздели со Ивановиќ