Чави Ернандез вчера за последен пат ја водеше Барселона и се прости со победа. Од денеска тој веќе не е стратег на каталонската гордост. На негово место доаѓа Ханси Флик, некогашниот селекторт на Германија и тренр кој на Баерн Минхен му ја донесе последната титула во Лигата на Шампионите.
Сепак се чини дека Чави нема да чека долго на нов ангажман. На Островот веќе се шпекулира дека тој веќе ги започнал преговорите со Челзи и дека работата е толку сериозна што набргу може да дојде до официјална потврда.
Инаку Челзи остана без тренер по разледбата со Маурицио Покетино, а како негови наследници покрај Чави, во изминатите денови се шпекулираше со имињата на Мурињо, Де Зерби…