Првиот тренинг без Барди, Димитриевски, Зајков, Ашковски, Трајковски…

439

Македонската фудбалска репрезентација по денешниот официјален собир пред контролните мечеви со Хрватска и Чешка, по попланедво го одржа и првиот полесен тренинг на терените на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Забележително беше дека на првиот тренинг во тимот на Милевски ги немаше Барди, Димитриевски, Зајков, Велковски, Шишковски, Ашковски, Трајковски…

Македонија против Хрватска ќе игра на 3 јуни, 19:00 часот во Ријека, додека против Чешка треба да играме на 10 јуни, 18:00 часот во Храдец Кралове.

ПретходноКимих е скапа опција за Барселона – преговорите откажани
СледноУ21: Одржан првиот тренинг, од утре комплетни