У21: Одржан првиот тренинг, од утре комплетни

264

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска официјално го означи стартот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Полска и Босна и Херцеговина. Избраниците на Драги Канатларовски по пладневниот собир, денеска попладне го одржаа и првиот тренинг.

Според најавите, Канатларовски утре треба да го има комплетниот тим на располагање, со проклучувањето на уште неколкумина од списокот кои оправдано доцнат на првиот собир.

Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Кониќ играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.

ПретходноПрвиот тренинг без Барди, Димитриевски, Зајков, Ашковски, Трајковски…
СледноНадал се поблиску до пензија: Елиминација уште во првото коло на Ролан Гарос