Челзи со Италијанец на клупата

265

Италијанецот Енцо Мареска најверојатно ќе биде новиот тренер на Челзи. Лондонкиот клуб викендов побара дозвола од Лестер за преговори со тренерот и истите оделе во позитивна насока, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Двете страни се блиску до договор за личните услови, но исто така „сините“ ќе треба да платат 10 милиони фунти за да го откупат неговиот договор со Лестер.
Енцо Мареска со Лестер избори промоција во Премиер лигата. Претходно тој работеше кратко во Парма и во резервниот тим на Манчестер Сити.

ПретходноГалатасарај ја освои титулата во Турција со рекорден број на бодови
СледноКимих е скапа опција за Барселона – преговорите откажани