Домот на хрватската ѕвезда во НБА лигата вторпат ограбен за само три години

314

Хрватската ѕвезда во НБА лигата, Ивица Зубац повторно беше жртва на кражба.

Според американските магазини, три лица упаднале во домот на Зубац во Лос Анџелес минатата среда. Центарот на Клиперс не бил дома во моментот на кражбата.

Полицијата во Лос Анџелес го истражува случајот, но до овој момент никој не е уапсен.

Ова не е првпат да се провалува домот на Зубац. Во 2021 година, двајца крадци провалиле во домот на Зубац и украле скапи предмети по што побегнаа без да бидат „уловени“ од полицијата.

ПретходноХоландската федерација пред истрага поради фаворизирање на три клуба!?
СледноГаздите на Филаделфија Унион си купија клуб во Данска