Олимпискиот, светскиот и европскиот шампион во скок со стап, Арманд Дуплантис забележа уште еден скок над 6 метри. Швеѓанецот, кој го држи и светскиот рекорд во оваа дисциплина, победи на митингот во Острава со прескокнати точно 6 метри.
Откако успеа да ј апобеди конкуренцијата, Дуплантис го нападна светскиот рекорд откако ја постави летвичката на 6,25 метри. Во неговите први два обиди на оваа височина беше пократок, но третиот обид беше многу подобар и многу малку му недостасуваше да го собори сопствениот светски рекорд.
Французинот Итан Кормон го зазеде второто место со 5,62 метри, а третото место исто така со 5,62 метри го поделија Белгиецот Бен Брудерс и Дејвид Холи од Чешка.