Српски репрезентативец одби да оди на ЕУРО поради Пикси!

12956

Напаѓачот на српската репрезентација Немања Радоњиќ (28) нема да игра на Европското првенство во Германија летово. Оваа информација ја пренесува српскиот портал butasport.rs кој тврди дека Радоњиќ одлучил да не игра за Србија додека на клупата седи Драган Стојковиќ Пикси.

Крилниот напаѓач на Мајорка не е задоволен од третманот кој го доби и затоа ова лето наместо на да настапи на ЕП, ќе одмора со семејството и ќе се подготвува за новата сезона.

Тој е репрезентативец на Србија од 2017 година и има 44 настапи и постигнато пет голови.

Пикси го објави конечниот список.

ПретходноНачо: Донесов одлука и ништо нема да ја промени!
СледноДефинитвно без Барди против Хрватска и Чешка