Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва со победа ја започна одбраната на титулата на Ролан Гарос. Најдобриот светски тенисер низ историјата беше подобар во три сета од Французинот Пјер-Иго Ербер со резултат 6:4, 7:6 (7:3), 6:4.
Натпреварот траеше два и пол часа, а во вториот меѓусебен дуел победи Ѓоковиќ.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе му биде Шпанецот Роберто Карбаљес Баена, кој на стартот го совлада францускиот Констант Лестиен со 6:3, 7:5, 4:6, 6:2.