Холандската федерација пред истрага поради фаворизирање на три клуба!?

277

Холандската фудбалска асоцијација ќе се најде пред проверка од независна агенција по сериозните обвинувања за долгогодишно форсирање на одредени фудбалски клубови.

Прволигашот АЗ Алкмар ја обвини федерацијата дека континуирано ги фаворизира ПСВ, Ајакс и Феенорд, а за сето тоа тврди дека има и неоспорни докази, кои треба да се најдат во раце на независна агенција.

Вчера дојде до гласање на 34-те професионални клубови на Холандија и оттука беше изгласано дека мора да се покрене истрага.

Ајакс и Феенорд се воздржаа од гласање, поради што на гласањето немаше ниту еден глас против.

ПретходноДуплантис прескокна 6 метри за победа, па за малку не успеа да го собори светскиот рекорд
СледноДомот на хрватската ѕвезда во НБА лигата вторпат ограбен за само три години