Чави бара Барса да му ги врати парите што тој сам ги плати за да раскине со Ал Сад

2453

Довчерашниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, побарал Барселона да му плати 2,5 милиони евра. Станува збор за сума која наводно Чави сам си ја платил за раскинување на договорот со Ал Сад кога се пресели на „Камп Ноу“.

Чави ја одбие отштета за отказот и ќе му прости на каталонскиот клуб сума од 12 милиони евра, но овие пари кои ги платил од свој џеб нема да ги прости.

„Мундо Депортиво“ објави дека тренерот и понатаму инсистира да ги добие тие 2,5 милиони евра од „блауграна“, исто толку колку што и самиот му плати на Ал-Сад за раскинување на договорот во 2021 година.

Наводно Барселона позитивно одговорила на неговото барање и наскоро ќе го обештети.

 

ПретходноОлимпискиот првак од Рио нема да биде на ЛОИ во Париз поради позитивен допинг тест
СледноЏуд Белингем е играч на сезоната во Ла Лига, Јамал најдобар млад фудбалер