Велковски и Шишковски на тренинг, се чекаат Столе, Зајков и Алекс

160

Составот на македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира на подготовките во Скопје пред контролните натпревари со селекциите на Хрватска и Чешка. За разлика од првиот тренинг вчера, денеска попладне на тренингот на нашата селекцијата се појавија и Дарко Велковски, голманот Дамјан Шишковски, како и Стефан Ашковски.

Во текот на наредниот ден се очекува компетирањето на репрезентацијата со вклучување и на Столе Димитриевски, Ѓоко Зајков и Александар Трајковски. За разлика од вчера кога не тренираше, денеска во групата која се појави на тренинг беше и Тихомир Костадинов.

ПретходноМиовски: Секогаш сме играле подобро против големите, ова се одлични тестови за нас
СледноЧелзи е лидер по број на повреди сезонава, како стојат другите клубови?