Дориев блеска во дресот на Согдиана, тој е вториот Македонец кој постигнал хет-трик во Узбекистан!

546

Љупчо Дориев (28) пред два дена во првенството на Узбекистан уште еднаш ја потврди својата класа. Македонецот кој го носи дресот на Согдиана, уште еднаш потврди дека е во супер форма во последно време. На мечот со Бунјодкор, Дориев постигна хет – трик, остварување со кое можат да се пофалат многу малку наши интернационалци. Дориев стрелаше во 11.минута, потоа во 39. и 42.минута, значи за само 30 минути некогашниот напаѓач на Хоризонт Т, А. Пандев и Шкендија, во три наврати ја тресеше мрежата на некогашниот гигант во Азија. Да се потсетиме дека Бунјодкор е некогашен шампион на Азија, тим во кој некогаш настапуваше и Стевица Ристиќ заедно со Ривалдо, а тренер беше славниот Фелипе Сколари.

Со овој хет – трик Дориев е вториот Македонец со ова остварување во историјата на Узбекистан, претходно во 2010 година токму Ристиќ постигнал хет – трик во дресот на Бунјодкор против Насаф. Па така после 14 години Дориев го повтори остварувањето на Стевица Ристиќ.

Кога сме кај фантастичниот Дориев, тој во досегашниот дел од првенството во Узбекистан, на 8 меча успеал да постигне исто толку голови сега е на делба на првото место на листата на стрелци со Татабадзе од Грузија.

Инаку Дориев за најдобрата репрезентација на Македонија одиграл осум меча, но во последно време не е на списокот на селекторот Благоја Милевски.

ПретходноМакедонските одбојкари слетаа во Скопје и порачаа: Посилни од громовите!
СледноНа Захариевски му истече договорот со Воска, се очекува да потпише нов!