Дуплантис прескокна 6 метри за победа, па за малку не успеа да го собори светскиот рекорд

126

Олимпискиот, светскиот и европскиот шампион во скок со стап, Арманд Дуплантис забележа уште еден скок над 6 метри. Швеѓанецот, кој го држи и светскиот рекорд во оваа дисциплина, победи на митингот во Острава со прескокнати точно 6 метри.

Откако успеа да ј апобеди конкуренцијата, Дуплантис го нападна светскиот рекорд откако ја постави летвичката на 6,25 метри. Во неговите први два обиди на оваа височина беше пократок, но третиот обид беше многу подобар и многу малку му недостасуваше да го собори сопствениот светски рекорд.

Французинот Итан Кормон го зазеде второто место со 5,62 метри, а третото место исто така со 5,62 метри го поделија Белгиецот Бен Брудерс и Дејвид Холи од Чешка.

ПретходноДамјан тргна пеш од Скопје до Острог со цел да ја подигне свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија
СледноХоландската федерација пред истрага поради фаворизирање на три клуба!?