Миовски: Секогаш сме играле подобро против големите, ова се одлични тестови за нас

203

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера се собра во Скопје и сега се подготвува за двата пријателски натпревари кои следат во рамките на јунскиот репрезентативен прозорец. Прво играме со Хрватска во Ријека, а своите очекувања ги изнесе напаѓачот, Бојан Миовски.

Знаеме против кој ривал играме. Моќна е хрватската репрезентација. На турнирите како Европско и Светско првенство секогаш игра одлично. Мислам дека овие два натпревари ќе бидат одличен тест за нас, да видиме до каде сме и дали во иднина повторно можеме да играме на големите натпреварувања.

Секогаш играме подобро против поголемите репрезентации. Хрватите се подготвуваат за настап на ЕП, ќе влезат мотивирани како да играат натпревар од главниот турнир.

Тоа ќе биде одлично за нас, да играме против силни репрезентации и да видиме до каде сме. Капитенот (Барди) ќе ни недостига. Сепак, мислам дека на средината имаме одлични млади играчи кои можат да го пополнат тоа место. Хрватите имаат неверојатни имиња на сите позиции, играчи од најсилните пет лиги во Европа. Како што кажав, ќе биде голем тест за нас, особено младите како ќе се снајдеме против такви ѕвезди“, изјави Миовски.

ПретходноНевиден пресврт во Норвешка: екс-првакот изгуби и покрај водство од 4:0 до 63 минута! (видео)
СледноВелковски и Шишковски на тренинг, се чекаат Столе, Зајков и Алекс