На Захариевски му истече договорот со Воска, се очекува да потпише нов!

904

Со завршување на сезоната и одиграното финале во Купот на Македонија, не е тајна дека на Срѓан Захариевски му истече договорот со Воска Спорт со оглед на тоа дека кога во февруари го презема кормилот на тимот од Охрид, имаше шестмесечен договор со раководството на дебитантот во ПМФЛ.

Инаку Захариевски со Воска Спорт, како тренер, оствари супер резултати, на 14 меча само два порази, на крајот заврши на 7. место пред Работнички, Гостивар, Вардар…и што е најважно обезбеди директен опстанок. Да не говориме за тоа дека Захариевски со Воска Спорт испиша историја, го однесе тимот во финалето во Купот на Македонија, каде сепак Тиквеш беше подобар.

Неофицијално дознаваме дека деновиве раководството на Воска Спорт и еден од нашите најдобри тренери, би требало да ја продолжат соработката.

ПретходноДориев блеска во дресот на Согдиана, тој е вториот Македонец кој постигнал хет-трик во Узбекистан!
СледноРепрезентативец на Украина го засили Вардар