На Мајк Тајсон му се слошило на летот за Лос Анџелес, лекарски тим интервенирал веднаш по слетувањето

787

На Мајк Тајсон му се слошило на летот за Лос Анџелес, лекарскиот тим интервенирал веднаш по слетувањето. Поранешниот светски шампион во тешка категорија, кој следниот месец ќе наполни 58 години, имаше одредени здравствени проблеми.

Тој добил мачнина за време на летот, кој веќе бил одложен за два часа поради големата топлина која владеела во најголемиот град на Флорида.

„Му стана лошо. Вртоглавица настана поради влошување на чирот 30 минути пред слетувањето. Благодарен е на лекарскиот тим што му помогна“, изјавија неговите претставници.

Првата медицинска интервенција во авионот ја објави In Touch Weekly, кој објасни дека 30 минути пред слетувањето, екипажот ги прашал патниците дали меѓу нив има лекар.

Веднаш по слетувањето во Лос Анџелес, во авионот се качил медицински тим за да му помогне на Тајсон, а еден од нивните претставници за New York Post изјавил: „За среќа, господинот Тајсон е добро“.

Летот за Лос Анџелес доцнеше два часа. Веднаш почнаа да кружат гласини дека состојбата на Тајсон го предизвикала одложувањето. Меѓутоа, претставниците на легендарниот боксер овие гласини ги нарекоа лажно известување и рекоа дека проблемот со климатизацијата на авионот предизвикал откажување на летот.

За потсетување, Мајк Тајсон треба да се бори на 20 јули против Џејк Пол.

ПретходноБруно Фернандеш на Инстаграм објави фотографија од Ристовски и напиша само еден збор
СледноНачо: Донесов одлука и ништо нема да ја промени!