Огнен Стефановски на балканското првенство во Измир успеа да постави нов национален рекорд во десетобој кој сега изнесува 6348 поени, а воедно го освои високото 4то место, а само неколку бодови го делеа од медал.
Ова е подобрување за скоро 500 поени во однос на рекордот на Љупчо Ацковски кој досега беше во негова сопственост со 5896 поени поставен во 1988 година во Белград.
Интересно е што на овај натпревар Огнен истотака успеа да си постави нови лични рекорди во неколку дисциплини ( 100м, скок во далечина и 110м со пречки ).
Вреди да се напомене дека ова е првиот натпревар во десетобој на кој Огнен учествувал.