Чави Хернандез доби отказ од функцијата тренер на Барселона. Тоа беше големо изненадување и последен пресврт. Да потсетиме, Барселона пред три недели најави дека ќе продолжи со Чави иако тој најави заминување на крајот од сезоната во февруари. Сепак, минатата недела претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, утрово го извести Чави за отказот, а нов тренер на Барселона ќе биде Германецот Ханси Флик.
Чави ја презеде Барселона на 6 ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците во 141 натпревар. Оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази. Минатата година ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ. На Чави му судеа критиките на раководството, односно коментирањето на финансиската состојба. Тој јавно кажа дека Барселона нема пари да се натпреварува со Реал и дека се неопходни засилувања за да се обиде, а ги потсети навивачите дека оваа Барса нема никаква врска со онаа од трофејното минато.
Ас открива дека Чави направил неверојатен потег за разделбата со Барселона:
„Чави денеска ќе дојде во клубот со неговиот агент Фернандо Соланас за да го раскине договорот со кој беше обврзан со Барселона до 30 јуни 2025 година. Во таа прилика ќе каже дека тој се откажува од целата сума што му следува според договорот во случај да биде отпуштен, а тоа е околу 12 милиони евра поточно платата што би ја добил до крајот на договорот.
Чави со тоа ги воодушеви навивачите на Барселона, но и со она што го постави како услов за ова откажување од богатството кое му припаѓа. Ова е за осум негови помошници, кои исто така беа разрешени од неговиот стручен штаб, да ги добијат платите што ќе ги земаа до крајот на договорот, а за сите тие се вкупно околу 3 милиони евра. Затоа, Чави се откажа од своето богатство за да можат неговите луѓе да добијат плата додека се справуваат со нивните ненадејни отпуштања“.
Кога Чави ќе потпише раскин на договорот, Барселона ќе може и официјално да соопшти дека потпишала нов тренер Ханси Флик.