Челзи е лидер по број на повреди сезонава, како стојат другите клубови?

116

По комплетирањето на сите натпревари во Премиер лигата, статистиката покажува дека премиерлигашите имале вкупно 399 повреди што е за 47% помалку во споредба со минатата сезона.
А оваа сезона лидер по број на повреди е Челзи. 23 фудбалери на лондонскиот клуб биле повредени, а вкупниот број на повреди изнесува 55 (како споредба минатата сезона бројката била 48).
На второто место е Њукасл 39 повреди во текот на сезоната на 19 играчи, а позади нив е Тотенхем со 37 различни повреди на 22 фудбалери. Во топ 5 се Манчестер Јунајтед со 35 повреди на 19 играчи и Ливерпул со 34 повреди на 21 играч.
Најмалку повреди забележале Шефилд Јунајтед, Вест Хем и Вулверхемптон, сите по шест. Пред нив се Астон Вила (12) и Манчестер Сити (16).

ПретходноВелковски и Шишковски на тренинг, се чекаат Столе, Зајков и Алекс
СледноЕкс-фудбалер на Интер призна за проблемите со алкохолот