Челзи има нов тренер – Потпишува со екс-помошникот на Гвардиола на 5+1 година

684

Го имаме и петтиот тренер во ерата на Тед Боли – овојпат на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа поранешниот помошник на Пеп Гвардиола – Енцо Мареска. Италијанскиот стратег претходно работеше во Лестер кој го однесе до Премиер лигата, па Челзи сега ќе го ангажира.
Младиот тренер претходно работеше во Парма и младиот тим на Лестер, како и асистент на Пеп Гвардиола во Сити.
Според Фабрицио Романо се е готовор. Тренерот дал согласност, Челзи ќе му плати на Лестер 10 милиони евра отштета. Мареска ќе потпише петгодишен договор, до јуни 2029 година со можност да биде продолжен на уште една година.
Челзи по завршувањето на сезоната го отпушти Маурицио Покетино што беше четвртиот тренер на „сините“ од 2022 година, а пред него откази добиваа Томас Тухел, Грем Потер и Френк Лампард.

ПретходноНЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ
СледноСтефановски постави државен рекорд во десетобој