Бостон е во НБА финалето (ВИДЕО)

229

Кошаркарите на Бостон Селтикс се првите финалисти во НБА лигата. Тие ја победија Индијана со 105-102 за 4-0 во серијата. За Бостон големото финале по втор пат во три години и 23-ти пат во нивната историја. Во него тие ќе играат за својата 18-та титула против победникот од серијата меѓу Далас Маверикс и Минесота. Во моментов е 3:0 за Далас.

Бостон до славјето во Индијанаполис дојде со пресврт во последната четвртина од натпреварот во кој имаше негатива во текот на второто полувреме, а на неполни шест минути до крајот беше -8. Во последните три и пол минути беа постигнати само седум поени, со кои Бостон победи со 98:102. Од овој момент успеа да направи серија и на магичен начин да ја затвори оваа серија.

Браун беше најдобар стрелец на натпреварот со 29 поени. Тој додаде и шест асистенции. Тејтум имаше 26 поени, 13 украдени топки и осум асистенции за финалистите во НБА. Во последниот натпревар од сезоната за Пејсерс се истакна Нембхард со 24 поени и 10 асистенции. Паскал Сијакам додаде 19 со 10 скока.

На крајот Џејлен Баурн беше прогласен за МВП на финалето во Источната конференција.

ПретходноБохум и Елези останаа во Бундеслигата откако вратија негатива од три гола
СледноБруно Фернандеш на Инстаграм објави фотографија од Ристовски и напиша само еден збор