Начо: Донесов одлука и ништо нема да ја промени!

1456

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. За капитенот Начо Фернандез тоа би можело да биде последен натпревар за мадридскиот тим, чиј член е цела кариера и за кој одигра 363 натпревари, постигна 16 и асистираше десет гола.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а се уште не е познато дали ќе го продолжи. Во интервју за шпанската радио станица тој рече:

„Одлучив што ќе правам кога ќе заврши сезоната. Но, нема да кажам сега, тоа не е вистинскиот момент. И да ја освојам Лигата на шампионите или Европското првенство ништо нема да ја промени мојата одлука“, рече Начо.

Начо е икона и од оваа сезона капитен на Реал, со кој освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите, што значи дека славјето над Борусија би му донело шеста европска титула. Иако целата своја кариера ја мина во Реал, односно во првиот тим од 2012 година, Начо ретко беше во преден план, но најмногу беше резерва.

ПретходноНа Мајк Тајсон му се слошило на летот за Лос Анџелес, лекарски тим интервенирал веднаш по слетувањето
СледноСрпски репрезентативец одби да оди на ЕУРО поради Пикси!