Невиден пресврт во Норвешка: екс-првакот изгуби и покрај водство од 4:0 до 63 минута! (видео)

3245

Во Норвешка се одигра еден од најлудите натпревари во последните години, а некогашниот шампион Стабек е поразен и покрај тоа што имаше водство од 4:0 длабоко во второто полувреме од натпреварот.
Противникот им беше Егерсунд во норвешката втора лига. Првакот на Норвешка од 2008 година имаше се во свои раце и на крајот ги испушти бодовите.
На полувреме Стабек имаше водство од 3:0, а потоа преку Расмус Винге зголеми на 4:0. Но гостите магично се вратија. Од 63 минута па до крајот гостинскиот Егерсунд постигна пет голови за 27 минути и победи.

ПретходноСтефановски постави државен рекорд во десетобој
СледноМиовски: Секогаш сме играле подобро против големите, ова се одлични тестови за нас