Ноле со победа ја почна одбраната на титулата на Ролан Гарос

245

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва со победа ја започна одбраната на титулата на Ролан Гарос. Најдобриот светски тенисер низ историјата беше подобар во три сета од Французинот Пјер-Иго Ербер со резултат 6:4, 7:6 (7:3), 6:4.

Натпреварот траеше два и пол часа, а во вториот меѓусебен дуел победи Ѓоковиќ.

Следен ривал на Ѓоковиќ ќе му биде Шпанецот Роберто Карбаљес Баена, кој на стартот го совлада францускиот Констант Лестиен со 6:3, 7:5, 4:6, 6:2.

ПретходноГаздите на Филаделфија Унион си купија клуб во Данска
СледноМинесота се спаси од „метла“, трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас (ВИДЕО)