Познати финансиските детали од договорот меѓу Флик и Барселона

811

Во среда (29 мај) се очекува Барселона да го објави новиот тренер, а тоа ќе биде германскот стручњак Ханси Флик кој ќе дојде на местото на Чави. Низ медиумите испливаа и детали од договорот на Флик со каталонскиот гигант.
Како што пишува „АС“, Флик ќе потпише најмалку двегодишен договор, а ќе добива три милиони евра по сезона. Плус тука се бонуси во зависност од успесите. Во случај да биде освоена Лигата на шампионите, Флик ќе добие дополнителни еден милион евра. За титула во Ла Лига ќе добие 750.000 евра.
Поради финансиските проблеми во клубот, Флик ќе може да си дозволи само двајца асистенти, а тоа ќе бидат Тони Топаловиќ и Маркус Сорг.
Можно е да добие уште еден асистент од Шпанија за да му помогне на тренерот побргу да се адаптира на шпанскиот фудбал.

ПретходноИзрешетан автомобилот на спортскиот директор на Осијек
СледноНЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ