Тедеско: Куртоа не е подготвен за Евро 2024

213

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Доменико Тедеско одговори на прашањето зошто голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа не бил вклучен во составот на „црвените ѓаволи“ за ЕП во 2024 година.

„Тибо го знае најдобро своето тело. Подобро од кој било од нас. Сè беше јасно од самиот почеток. Тој само се врати да игра, но да игра на секои три или четири дена на голем турнир е тешко. Ги зедовме тие информации во предвид и оценивме дека Куртоа не е подготвен за првенството“, изјави Тедеско.

Куртоа (32) неодамна се опорави од повредата на коленото, а во тековната сезоната 2023/24 одигра 4 натпревари за Реал, на кои не прими ниту еден гол.

ПретходноЕкс-фудбалер на Интер призна за проблемите со алкохолот
СледноНено и Уникс го загубија и вториот меч од финалето против ЦСКА