Флорентино Перез не застанува: По Мбапе доаѓа уште едно засилување од 110 милиони евра

6938

Реал Мадрид сезонава го освои трофејот во Суперкупот во Шпанија, шампионската титула во Ла Лига, а на 1 јуни ќе има шанса по 15-ти пат да стане европски првак на „Вембли“ против Борусија Дортмунд.

Голема заслуга за сето тоа има Џуд Белингем, младиот Англичанец кој летово пристигна од Борусија Дортмунд и кој беше еден од клучните играчи на Кралскиот клуб во текот на целата сезона.

Уште една голема ѕвезда доаѓа во Реал Мадрид ова лето. Станува збор за Килијан Мбапе, кој ќе дојде како слободен играч по завршувањето на договорот со ПСЖ.

Реал Мадрид нема да застане тука. Веќе постои план за летото 2026 година кога на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигнат засилувања вредни 110 милиони евра.

Реал Мадрид летово нема да носи поскапи играчи бидејќи треба да го покрие доаѓањето на споменатата француска ѕвезда, но следното лето ќе продолжи.

Како што пренесуваат странските медиуми, прва цел за летото 2026 година е Флоријан Вирц, репрезентативец на Германија и неверојатен фудбалер на Баер Леверкузен.

Кралскиот клуб ќе го чека летото 2025 година за да започне преговори со челниците на бундес-лигашот, со оглед на тоа што споменатиот фудбалер сака да игра уште една сезона во дресот на Баер.

Со Леверкузен сезонава ја освои двојната круна во Германија, прва во клупската историја, а следната сезона ќе има шанса да игра во Лигата на шампионите и да привлече дополнително внимание кон себе.

Следната сезона треба да биде последна во клубот и во кариерата на хрватскиот играч за врска Лука Модриќ, па Флоријан Вирц треба да биде негова замена и да ја преземе неговата десетка.

ПретходноРепрезентативец на Украина го засили Вардар
СледноЧави се откажа од 12 милиони евра поради неговите помошници