Дарко Тасевски во стручниот штаб на Левски Софија!

230

По цели 12 години Дарко Тасевски, некогашниот репрезентативец на Македонија, екс фудбалер на Вардар и Цементарница, се врати во “својот“ Левски Софија, но сега како тренер, односно како член на стручниот штаб на новиот стратег на Левски, Станислав Генчев.

Имено Генчев денеска и официјално беше промовиран за нов стратег на “сините“ од Софија, а официјално беше потврдено дека Дарко Тасевски ќе му биде еден од асистентите.

Да потсетиме дека Тасевски од 2007 до 2012 беше фудбалер на Левски Софија, потоа карирерата го носеше на повеќе места, дури и во Азија, а минатото лето се прости од играчката кариера како фудбалер на Славија Софија.

ПретходноПСЖ нуди 100 милиони евра за ѕвездата на Наполи
СледноДробаров и Черно Море вицешампиони на Бугарија