Анчелоти: Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во мојата кариера

167

Карло Анчелоти во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во неговата кариера.

64-годишниот стручњак во сабота ќе ги одведе „белите“ на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Победа би му донела на „кралскиот клуб“ рекордна 15-та титула, а за Анчелоти тоа би била петта.

Како и да го заврши натпреварот, очекувањата се специјалистот да продолжи да го води Реал барем до крајот на сезоната 2025/26 кога му истекува договорот.

Ќе се пензионирам како менаџер на Реал Мадрид. Мојата кариера ќе заврши во Реал“, изјави Италијанецот.

„Се додека ме сакаат во Реал, ќе останам овде. Би направил се за клубот“, додаде тој.

Анчелоти по втор пат во кариерата го предводи шпанскиот шампион. Неговиот прв престој на Сантијаго Бернабеу беше помеѓу 2013 и 2015 година. Тој се врати во Мадрид во летото 2021 година. Досега и во двата престоја Италијанецот еднаш ја освои Лигата на шампионите.

ПретходноВо Битола се подготвува шампионска фешта, билетите за мечот со Алкалоид речиси распродадени!
СледноЈакимовски: Најтешко ми паѓа за националниот тим! Се надевам дека во ноември ќе бидам со момците!